Платформа: Windows
Врска: Преземи ДЕМО-верзија (Бесплатно користење 30 дена)
Цена: 19,99 €
Платформа: Mac OS
Врска: привремено недостапна
Намена
Програмата им овозможува на корисниците да управуваат со трошоците. Трошоците може да се распоредат во категории и поткатегории според барањата на корисниците.
Дополнителни функции на програмата
Програмата овозможува следење на статусот на плаќањето на трошоците.
Во програмата корисниците можат да водат листа на добавувачи и производи. Производите може да се додаваат и со помош на баркод.
Работа со табели
Корисникот лесно и едноставно може да ги прилагоди сите табели во програмата – можете да одредите кои колони да се прикажуваат, нивниот редослед и ширина, а исто така да го изберете подредувањето на содржината на табелата.
Сите табели може да се извезат во CSV-формат, да се испечатат или да се зачуваат како PDF-датотека.
Статистика
Програмата нуди детална статистика за сите атрибути на трошоците и за добавувачите во форма на графикони, дијаграми и табели. Притоа поставката на статистиката што сте ја избрале се зачувува и ќе биде прикажана кога повторно ќе ја отворите програмата.
Принцип на повеќекорисничка програма
Оваа програма поддржува идентификација на корисниците. Секој корисник на програмата има свое корисничко име и лозинка. Програмата автоматски ги евидентира сите промени на податоците. Таа ви овозможува да следите кој корисник ги додал или ги променил податоците. Притоа се евидентираат датумот и времето на промените, како и целосни информации за тоа што е променето.
Програмата може да работи со локална база на податоци, како и со централна база на податоци MySql. Во вториот случај, повеќе корисници можат истовремено да работат со програмата. Кога еден корисник уредува некој објект, тој е достапен за другите корисници само за читање.
Подобрување на програмата според вашите потреби
Програмата работи врз основа на развиената компонента Temia Business Template (Java), која обезбедува сигурна работа на програмата, а овозможува и програмата брзо да се прилагоди на потребните барања на корисниците без големи трошоци. Ако нè контактирате, со задоволство ќе ви дадеме проценка за подобрување на програмата според вашите потреби.




