Менаџер на клиенти

Платформа: Windows
Врска: Преземи ДЕМО-верзија (Бесплатно користење 30 дена)
Цена: 19,99 €



Платформа: Mac OS
Врска: привремено недостапна

Слики од екранот

Намена

Програмата ќе ви помогне да водите евиденција за вашите клиенти. За секој клиент можете да внесете различни информации, како што се лични податоци, адреси, податоци за контакт и банкарски податоци. Во програмата има и полиња за внесување дополнителни информации.

Создавање документи

Програмата ќе ви ја олесни рутинската работа при изработка на фактури и водење евиденција за нив. Можете да создавате и какви било документи. Некои видови документи се веќе предефинирани во програмата, на пример: понуда, потврда на нарачка, опомена итн. Во поставките на програмата можете да додадете свои HTML-документи за да бидат прикажани.

Сите фактури и документи може да се зачуваат во PDF-формат и да се испечатат.

Работа со табели

Корисникот лесно и едноставно може да ги прилагоди сите табели во програмата – можете да одредите кои колони да се прикажуваат, нивниот редослед и ширина, а исто така да го изберете подредувањето на содржината на табелата.

Сите табели може да се извезат во CSV-формат, да се испечатат или да се зачуваат како PDF-датотека.

Статистика

Програмата нуди детална статистика за сите атрибути на клиентите, фактурите и документите во форма на графикони, дијаграми и табели. Притоа поставката на статистиката што сте ја избрале се зачувува и ќе биде прикажана кога повторно ќе ја отворите програмата.

Принцип на повеќекорисничка програма

Оваа програма поддржува идентификација на корисниците. Секој корисник на програмата има свое корисничко име и лозинка. Програмата автоматски ги евидентира сите промени на податоците. Таа ви овозможува да следите кој корисник ги додал или ги променил податоците. Притоа се евидентираат датумот и времето на промените, како и целосни информации за тоа што е променето.

Програмата може да работи со локална база на податоци, како и со централна база на податоци MySql. Во вториот случај, повеќе корисници можат истовремено да работат со програмата. Кога еден корисник уредува некој објект, тој е достапен за другите корисници само за читање.

Подобрување на програмата според вашите потреби

Програмата работи врз основа на развиената компонента Temia Business Template (Java), која обезбедува сигурна работа на програмата, а овозможува и програмата брзо да се прилагоди на потребните барања на корисниците без големи трошоци. Ако нè контактирате, со задоволство ќе ви дадеме проценка за подобрување на програмата според вашите потреби.